Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ОБОЖАВААТ ДРУШТВО И ДЕЦА: Овие раси брзо учат и се најдобри семејни кучиња

Овие раси на кучиња се неодоливи, верни и брзо учат особено ако има неколку членови во семејството и ако дел од нив се деца. Иако изгледаат неодоливо слатки кога се мали, многу кучиња се многу тешки за обука. Тие знаат да бидат крајно тврдоглави, конкурентни, љубоморни, па дури и деструктивни. Од друга страна, има голем број на оние со кои е задоволство да се поминува време и кои е многу лесно да научат како да се однесуваат дома и околу децата. Ако планирате да чувате куче, можеби ќе сакате да ги земете предвид следниве раси, кои се сметаат за најлесни за обука.

ПУДЛИЦА

Постои причина зошто минијатурни подуени пудлички се издвојуваат на изложби за кучиња. Овие слатки кучиња се исклучително интелигентни и со нив многу лесно се комуницира. Немаат ништо против да ги следат вашите наредби, и бидејќи тие се неверојатно социјални, пудлите се пожелни близу до децата. Ако го барате врвно семејно куче, пудлицата е совршена за вас.

ГЕРМАНСКИ ОВЧАР

Во основа, германскиот овчар е заштитник. Тој важи за едно од најпаметните кучиња кое е исклучително посветено на извршување на задачата што си ја поставил пред него. Поради некоја причина, овој вид кучиња се користи за спроведување на законот, потрага, спасување и лидерство. Овие кучиња дефинитивно имаат потреба од вежбање, и ментално и физичко, но нивното тренирање воопшто не е тешко.

ПАПИЛОН

Иако повеќето мали раси на кучиња не се љубители на дресура слаткиот папилон е различен. Името го добиле по своите големи и зашилени уши (папилон на француски значи пеперутка) што го прави да изгледа толку разиграно. Овие мали кучиња се гледаат себеси како големи кучиња во мали тела. Учењето не им е тешко и тие многу брзо ќе ги совладаат сите задачи што им ги поставувате пред нив. Важно е само да се започне со дресура кога се многу млади.

ЗЛАТЕН РЕТРИВЕР

Ова семејно куче многу брзо разбира каде му е местото во семејството и како треба да се однесува во него. Златните ретривери се многу благодарни за обуката затоа што пред се сакаат само да ве расположат. Тие се трпеливи и ќе ги следат вашите стапки каде и да одите. За жал, никогаш нема да можете да го направите куче чувар бидејќи е дружељубив и среќен да им приоѓа на странци.

КОЛИ – Шкотски овчар

Многу сталожени и мирни кучиња, лојални на нивниот сопственик и всушност на целото семејство. Тие се полни со ентузијазам, заштитнички настроени кон сопствениците и никогаш не би ги напуштиле. Има причина зошто сите ја обожававме Леси затоа што таа беше Коли. Дресурата на оваа раса на кучиња е многу едноставна и ако вклучува награда на крајот, може да се заврши во рекордно време.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...