И од таборот на Академија ФМП излегоа со официјално известување по новонастанатата ситуација. Прволигашот е третиот тим кој има позитивни играчи на Ковид-19, по Работнички и МЗТ Скопје. Од клубот потврдија дека двајца кошаркари имаат коронавирус и покрај почитувањето на мерките. Препораките се исти, целиот тим ќе мора да оди во карантин.
Ова е проблем пред стартот на новата сезона кој беше одложен за една недела, истиот треба да почне следниот викенд, но доколку ФМП биде во самоизолација 14 дена, јасно е дека ќе има ново поместување на календарот.
View this post on InstagramA post shared by Akademija FMP (@akademijafmp) on