Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

НЕМА НИКАКВА ОДЛУКА ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ до овој момент – ДЕМАНТ ОД МЗ

Министерството за здравство ги демантира информациите кои неколку медиуми ги имаат објавено, а се поврзани со наводни нови рестриктивни мерки.

Од министерството велат дека до овој момент, нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки

– Викендов ќе се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците. Врз основа на направената анализа ќе се заземе став дали се потребни мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата. Ги замолуваме медиумите да се воздржат од дезинформации. Гаѓаните да се информираат исклучиво од релевантните институции, Министерството за здравство и Владата, потенцираат од министерството.

Во демантот се додава дека по завршувањето на анализата со епидемиолошката состојба, јавноста ќе биде навремено информирана.

најчитани вести

Забава

Светски познатата поп дива, Мадона, ги загрижи обожавателите со својот последен пост на социјалната мрежа Instagram. Познато е дека Мадона имала одредени естетски зафати...

Македонија

Со реакции за вчерашното интервју на Премиерот Заев, денес се јавија и Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски. Некогашни лути политички ривали, а потоа и...

Забава

Марија Сол Перез, аргентинската водителка е една од најатрактивните жени во светот, а посилниот пол никогаш не е рамнодушен на нејзините фотографии и снимки...

Македонија

Денеска (26.11.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при...