Најмалку девет лица исчезнаа во поплавите денес откако на подрачјето околу Ница во Франција за само 12 часа падна просечната годишна количина на дожд.
Властите соопштија дека во текот на ноќта поплавите ги оштетиле куќите, мостовите и патиштата во планинскиот регион на Приморските Алпи крај границата со Италија.
Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, изрази сочувство со семејствата на исчезнатите. Според него, повеќе од 100 домови биле уништени или сериозно оштетени.
Flood waters caused by bad weather caused the collapse of a bridge in #AlpesMaritimes #Nice #France#TempeteAlex #Meteo06
— Global News (@GlbBreakNews) October 3, 2020
Source: @marinebrenier pic.twitter.com/m44cgn1fBm
Пожарникарите велат дека неколку десетици лица биле евакуирани во текот на ноќта.
Францускиот претседател Емануел Макрон, на Твитер изрази благодарност до спасувачите.
„Ќе го поминеме ова заедно“, напиша Макрон.
Француската метеоролошка служба Метео Франс објави дека во некои области наврнале 500 милиметри дожд, што е скоро на нивото на годишниот просек.
Во регионот е на сила предупредување за опасност, а училиштата се затворени. Локалните власти ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.