Полските нуркачи го лоцираа бродот „Карлсру“, за кој се надеваат дека содржи богатство украдено од Русија за време на Втората светска војна, а исто така може да помогне во пронаоѓањето на килибарната соба.
Бродот „Карлсру“ испловил од Конигсберг во 1945 година натоварен со товар пред да биде потопен од советските авиони крај брегот на Полска.
Нуркачите од групата „Балтиктек“ велат дека конечно го пронашле остатокот на бродот кој го барале со години.
– Го баравме уште од минатата година, кога сфативме дека една од најинтересните неразјаснети мистерии може да лежи на дното на Балтичкото Море – вели еден од нуркачите, Томас Стахура.
Руината, како што се наведува, е практично недопрена, а во нејзините магацини се пронајдени воени возила, порцелан и многу кутии со сè уште непозната содржина.
„Карлсру“ беше дел од операцијата „Ханибал“, една од најголемите поморски евакуации во историјата, со која повеќе од милион германски војници и цивили од Источна Прусија избегаа од советските трупи пред крајот на Втората светска војна.
“La historia y la documentación disponible indican que el vapor alemán ‘Karlsruhe’ salió del puerto con mucha prisa y con una gran carga, después de que los alemanes tuvieron que evacuar Królewiec. Todo esto, en conjunto, estimula la imaginación humana…"https://t.co/GazKnK8uVe
— María (@mariaO312) October 3, 2020
Документацијата од тоа време открива дека бродот го напуштил пристаништето со голем товар и 1.083 патници.
– Сите овие податоци ја поттикнуваат имагинацијата. Наоѓањето германски брод со кутии со уште непозната содржина на дното на Балтичкото Море може да открие многу тајни – вели еден од нуркачите, Томас Звара.
Килибарната соба е направена во Прусија, а потоа му била дадена на подарок на Петар Велики во 1716 година. Нацистите ја демонтираа и го однесоа во Кенигсберг, од каде што се губи трага.