Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

БОЛЕСТИ ОД КОИ УМИРАЛЕ ЛУЃЕ ВО МИНАТОТО: Многу се постари отколку што мислите

Испитувајќи ги ткивата и забите на египетските мумии стари две илјади години, научниците откриле ДНК на пет патогени микроорганизми, вклучувајќи вируси на лепра и хепатитис Б. Претходно во стомакот на мумијата Еци, човек кој умрел рпед повеќе од 5 илјади години, со генетска анализа беше откриена бактеријата хеликобактер пилори.

Забоболка

Научниците од Универзитетот во Марсеј во Франција, предводени од Мишел Дранкур во 1998 година, прво ја изолираа ДНК на патогенот од чума од забите на луѓето закопани на гробишта стари четиристотини години. Во забната пулпа, истражувачите открија делови од геномот на бактеријата Јерсинија пестис, со што потврдија дека на крајот на 14 век, Франција била погодена од епидемија на ова заразно заболување.

Добро сочуваните заби во вилицата се вреден археолошки материјал. Научниците работат со целосна заштита, како форензичарите, за да не го загадат примерокот со современите микроорганизми и го чуваат со сите мерки на претпазливост.

Колку е поголема забната празнина, толку е поголем археолошкиот материјал. Биомолекулите или нивните делови се извлекуваат од пулпата: ДНК и протеините исто така покажуваат патоген.

Две децении по откритието од страна на француските генетичари, забната пулпа помогна да се идентификуваат десет патогени бактерии и еден вирус што заразил други луѓе. Меѓу нив се салмонела, лепра, туберкулоза, стафилококи.

Предизвикувачот на чумата е најдобро проучуван. Најстариот беше изолиран од забната пулпа на две лица кои починале пред 3800 години, во бронзеното време и погребани на територијата на современиот регион Самара.

Рововска треска

Во новиот труд, Дранкур и неговите колеги пронајдоа ДНК од бактеријата Бартонела квинтана. Оваа микроба се пренесува преку човечки уши, таа предизвикала епидемија на рововската треска во Првата светска војна, која однесе над милион животи. Овој пат пулпата е земена од 25 заби од 5 скелети стари две илјади години, кои биле закопани во римската некропола на градот Безансон во Франција. Тие имаат многу добро сочувани крвни клетки – еритроцити. Ова е исклучително ретко. Со помош на флуоресцентна хибридизација на самото место, тие направиле слика на еритроцити заразени со бактеријата Бартонела квинтана.

И најстарата бактерија од овој вид беше изолирана од забната пулпа на остатоците од југоистокот на Франција. Нивната возраст изнесува четири илјади години. Се испостави дека рововската треска е една од најстарите инфекции заедно со туберкулозата, која исто така е пронајдена според ДНК-та кај еден Египќанец кој починал пред 5400 години.

Чума и хепатитис

Јоханес Краузе од Универзитетот во Тибинген (Германија), еден од водечките истражувачи, геномиката на античките патогени ја нарекува нов правец. Токму тој, споредувајќи ја ДНК-та на предизвикувачкиот агенс на чума изолиран од остатоците од различни векови, повторно ја создаде еволуцијата на микробите и ги разјасни миграционите патишта на нашите предци. Заедно со неговите колеги, тој го декодираше геномот на античката чума во 2011 година. Болеста исчезнала од Европа, но сè уште е присутна во некои региони во светот, како што е Монголија.

Во 2015 година, меѓународен тим научници, вклучително и Краузе, го анализираа микробиомот на човекот Еци – таканаречена ледена мумија, стара 5300 години и пронајдена во италијанските Алпи. Научниците зеле примероци од ткиво од гастроинтестиналниот тракт, извршиле неколку тестови за да идентификуваат делови од геномот, микробите и ја изолирале ДНК на хеликобактер пилори – бактерија која живее во стомакот на 90 проценти од луѓето. Предизвикува чирови и рак на желудник кај секоја десетта личност. Можеби и Еци имала такви проблеми.

Во неодамнешен труд, научници од Тибинген, заедно со колеги од Швајцарија и Полска, испитуваа примероци од ткива и заби од 119 египетски мумии, чувани во музеите во Германија. Најстарите се стари повеќе од две илјади години. Откриено е дека еден од нив, наречен Abusir1630, има бактерии од лепра. Според антрополошките податоци, утврдено е дека станува збор за маж на возраст од 30-40 години. Покрај тоа, тој немал надворешни знаци на болест или оштетување на коските.

најчитани вести

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...