Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Ангеловски го објави списокот: Повратникот Хасани на местото на Елмас

Елиф Елмас го нема на списокот на повикани играчи за дуелот со Косово, поради позитивен тест на коронавирус. И тоа како ќе биде голем хендикеп тоа за националниот тим на Македонија во историскиот дуел во Лигата на нации.

Во националниот тим се враќа Ферхан Хасани од Хелсинки. Селекторот Ангеловски чекаше до последен момент, и кога се дозна дека ќе го нема Елмас, реагираше со повик за Хасани. Од минатиот список ги нема голманите Илиев и Богатинов, а се враќа Димитриевски. Повик доби и Даниел Божиновски од Силекс.

Иако имаше информација дека Џенова нема да го пушти, на списокот се најде Горан Пандев.

На другите позиции речиси нема измени од минатите мечеви.

После дуелот со Косово на 8. октомври, Македонија гостува на Естонија, и игра дома со Грузија.

sportmedia.mk

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...