Дани Макели, еден од најдобрите судии во Европа, е делегиран за главен судија за натпреварот Македонија – Косово на 8 октомври. Значи ќе имаме холандска арбитража на историскиот меч од ½ финалето за пласман на ЕВРО 2021 година. Се разбира дека помошниците ќе бидат исто така од Холандија.
Инаку Макели е роден на 28 јануари 1983 година во Вилемсштад, а со ФИФА знакот е од 2013 година. Дека важи за одличен судија доказ е фактот дека го судеше последното финале во Лигата на Европа помеѓу Севиља и Интер, во кое победи шпанскиот тим. Судеше на СП 2018 во Русија, а беше во финалето и како ВАР судија. Исто така да не заборавиме дека тој на 10.10.2019 година судеше на Арената во Скопје на мечот Македонија – Словенија.
Значи на 8 октомври на мечот со Косово ќе имаме врвно делење на правдата.