Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Средба на премиерот Заев и министерката Шекеринска со пет штабни офицери вратени од Авганистан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска  остварија средба со група офицери кои се вратија од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

На средбата на која присуствуваше и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, премиерот Заев од лично и од име на Владата им се заблагодари и упати честитки до офицерите за успешно извршената мисија.

Премиерот Заев истакна дека припадниците на нашата Армија се гордост за државата и со својата висока професионалност се посакуван партнер во меѓународните мисии.

„Сега сме членка на НАТО. И како рамноправен партнер споделуваме одговорно во придонесот за зачувување на светскиот мир. Вие ја претставувате нашата земја во најдоброто светло што е исклучително важно“, истакна премиерот Заев.

На средбата министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека нашата држава дава значаен придонес со учеството во меѓународните мисии и досега се испратени над 4.000 војници.

„Ми претставува задоволство  што нашите офицери успешно ја извршиле мисијата. Ова претставува огромно искуство за нашите офицери. Од овие мисии се профилираат нашите најдобри професионалци“, нагласи министерката Шекеринска.

Штабните офицери, кои се вратија од Мазар е Шариф и беа распоредени во рамките на Командата за обука, советување и асистенција – Север, истакнаа дека нашите војници и офицери се ценет и доверлив партнер во меѓународните мисии.

На средбата беше изразено задоволство од видно подобрените услови во Армијата, при што беше истакната поддршката на Владата за унапредување на материјалните услови, статусот и достоинството на војниците и старешините.

Воедно беше нагласено дека останува посветеноста за натамошно учество во постојните и нови меѓународни мисии.  

Република Северна Македонија, својот придонес со штабни офицери во Командата за обука, советување и асистенција – Север го започна пред 6 години и учествуваше со 13 шестмесечни ротации. 

Учеството на припадниците на Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, Авганистан, продолжува сѐ до нејзиното завршување. 

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...