Пејачката Сандра Африка наводно добила на подарок парцела на хрватскиот остров Брач, ни помалку ни повеќе од поранешниот спонзор на победничката на Задуга 3, Ива Гргуриќ, Маријан Шариќ (65).
Тој наводно и пренел 15 хектари земја, а на потпишувањето присуствувало и поранешното момче на Сандра и сегашен менаџер Александар Москољевиќ Микиша.

– Таа тврди дека Шариќ и го подарил плацот затоа што тие се одлични пријатели. Не верувам дека има нешто меѓу нив, затоа што Микиша ги запозна пред неколку години. Маријан ја изненади со документите и рече: Потпиши дека земјата е твоја и почни градиш што сакаш.
Сандра на почетокот одбила, но потоа го прифатила подарокот, рече изворот и откри што планира пејачката да направи со земјата:
– Следната година, таа ќе започне да гради апартмани, а нејзиниот да биде одделен од другите за да има мир секогаш кога ќе настапува тука, додека другите ќе ги издава.
Хрватскиот бизнисмен Маријан Шариќ стана познат по двегодишната афера со Ива Гргуриќ.
