Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

НАВИВАЧИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА ТРИБИНИТЕ – УЕФА даде зелено светло

Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, најави враќање на навивачите на стадионите, но со услов да бидат пополнети максимум 30 отсто од капацитетот на стадионот.

Извршниот одбор на УЕФА одлучи да дозволи делумно враќање на навивачите на стадионите за сите свои натпреварувања за следната сезона.

Денешната одлука е разумен прв чекор што го става здравјето на навивачите на прво место. Дури 27 земји веќе дозволија делумно враќање на трибините и во оваа прилика ги повикуваме да постапуваат одговорно, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Предуслов за враќање на навивачите ќе биде дозволата на локалните власти, а присуството ќе биде дозволено само на домашните навивачи.

Да потсетиме, успешна „проба“ беше финалето на Суперкупот помеѓу Баерн и Севилја, каде навивачите беа на трибините.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...