Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

КОСТАДИНОВ: Позната е вмешаноста на Мицкоски во бизнисите со хидроцентрали, тој е најнеспособнот директор на АД ЕЛЕМ

Прес-конференција, Костадин Костадинов портпарол и пратеник од СДСМ

Почитувани,

Како што е познато во јавноста, многу е голема веројатноста дека Христијан Мицкоски е заплеткан во бизнисите со хидроцентрали на грбот на граѓаните.

Тој лично беше косопственик на 3 мали хидроелектрани имат загарантиран 20 годишен договор по цени на струја коишто ја плаќаме сите ние граѓаните.

Секој еден граѓанин, секое семејство му плаќаше на Мицкоски за овие хидроелектрани.

За четири години, за годините 2016, 2017, 2018 и 2019 хидроелектраните во кои Мицкоски имал удел заработиле близу еден милион евра, односно 56 милиони денари.

На ист начин и Пелагонија Енерџи на неговиот финансиер и тајкун Орце Камчев, од хидроелектрани инкасирала над 33 милиони евра за 5 години, во периодот од 2015-2019 година.

Почитувани,

Христијан Мицкоски останува запаметен како најнеспособниот директор на АД ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ, но останува запаметен и како советник за енергетика во Владата на Никола Груевски, Влада која носеше погубни енергетски политики преку кои цената на струјата се зголеми за 100 отсто, беше укината евтината дневна тарифа, а државата беше зависна од увоз на скапа струја.

Лицемерна и лажна е загриженоста на Мицкоски за цената на струјата. Тој, освен за богатење на грбот на народот и за одбрана на криминалот, не се грижи за ништо друго.

Проѕирни се неговите лаги и манипулациите, граѓаните одамна не му веруваат. Затоа е во опозиција и затоа уште долго останува таму.

најчитани вести

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...

Забава

Лицата родени во овие хороскопски знаци обожаваат сексуални експерименти и акција во кревет. Лав Родени лидери, без проблем ќе ви дадат до знаење дека...