Британка која работи во продавница за секс-кукли, открива дека за време на пандемијава, побарувачката за секс-играчки наменети за понежниот пол, има драстично зголемување.
Како што објавува „Дејли меил“, некои од машките секс-кукли чинат и до 8.000 фунти, а можат и да се движат, да зборуваат и да реагираат на одредени ситуации… И, од сѐ тоа, Џејд Стенли од градот Бромсгроув, Англија, има корист во однос на нејзиниот бизнис.
Секојпат кога ќе се воведат нови мерки ограничувања, јас забележувам скок на продажбата, вели г-ѓа Стенли.
И, ако пред пандемијата нејзините клиенти се сосредоточуваа главно на кукли со женски лик, сега сѐ побарани се оние во облик на маж или трансродова личност.
Британката е убедена дека нејзините кукли не секогаш се користат само како секс-играчки. Според неа, многу клиенти ги третираат и како пријатели или како „домашни миленици“… – Други пак, ги купуваат како украси и ги сместуваат во фотеља или на креветот.