Хеликоптер „Марин оне“ слета на тревникот во Белата куќа за да го пренесе претседателот во воената болница Валтер Рид. Како претпазливост, и по препорака на лекари и медицински експерти, Трамп ќе работи од претседателската канцеларија во болницата Валтер Рид во следните неколку дена, соопшти Белата куќа.

Доналд Трамп има треска од утрово, претседателот има лесни симптоми на коронавирус. Лекар од Белата куќа ја опиша состојбата на Трамп велејќи дека тој е „уморен“.

Теоричарите на заговор или масовното движење во светот, познати како “Кју” веруваат дека започнува “Црвениот Октомври”, кој долго го најавуваат. Тие објаснуваат дека токму овој месец претседателот Трамп ќе биде изолиран и од локација под заштита на маринците ќе раководи со сложена операција за масовни апсења на познати личности, политичари и други лица, со кои би се завршил падот на според нив “Длабоката држава”.
Изборите во Соединетите Американски Држави се одржуваат на 3 ноември, многумина ги нарекуваат историски избори за светот.