Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Али Ахмети на негово барање ПОРАНО ДАЛ ИСКАЗ ЗА „ПОПИС“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска бил во Обвинителството за организиран криминал и корупција, на распит за пропаднатиот попис во 2011 година.

Ахмети во обвинителството дошол порано на негово барање, околу 8 часот, дал исказ и заминал, иако првично беше најавено дека ќе се дојде во 10 часот, потврдуваат за МИА од Обвинителатво.

Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО за организиран криминал и корупција.

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според СЈО, со стопирањето на пописот на населението тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој сега е во бегство, Никола Груевски и неговиот коалициски партнер во владата Али Ахмети, нанеле штета на Буџетот во висина од 2,8 милиони евра.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Македонија

Празникот на  Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6...