Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

СКАНДАЛ: Хрват почина откако МУ СТАВИЛЕ ДЕЗИФИЦИЕНТ НАМЕСТО ТЕРАПИЈА

Кобна била грешката на медицинските сестри за 62-годишен пациент од хрватскиот град Чаковец, кој починал за време на рутинска постапка на хемодијализа, поради, како што соопштија од болницата, вбризгување на недозволено средство.

Претседателката на Управниот Одбор на болницата во Чаковец, Соња Тошиќ Грлач изјави дека пациентот на хемодијализа починал, откако по грешка му бил вбризган дезинфисиенс и изрази сочувство до семејството на починатиот. Таа потенцира дека двете сестри повеќе не се дел од персоналот. Запрашана како воопшто е можно да се случи таква грешка, Тошиќ Грлач нагласи дека дезинфисиенсите во болниците се вообичаени средства што постојано се наоѓаат на количките на медицинските сестри.

-Грешка е можна и, за жал, се случи, изјави Тошиќ Грлач.

Таа додаде дека ќе биде спроведен професионален интерен надзор, откако ќе се обезбедени изјави од учесниците во немилиот настан.

-Сè ќе биде подложно на анализа. Интерната комисија ќе разговара со сите страни во случајот и ќе донесе мислење по што ќе дојде на ред и инспекција од Министерството“, рече Тошиќ Грлач.

Кобната грешка, според неа, се случила вчеравечер.

-Утрово болницата го извести семејството. Денеска нè посети полицијата, Државното Обвинителство. Нив ги интересира што се случило и чија е вината. Зедоа и некоја документација, вели Тошиќ Грлач.

Телото на починатиот пациент е превезено во Заводот за судска медицина и криминалистика во Загреб каде треба да се утврди од што точно настапила смртта.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...