Американската комисија за претседателска дебата соопштила дека наскоро ќе усвои промена на форматот со што би се одбегнало повторување на хаточната прва средба на републиканецот Донал Трамп и демократот Џо Бајден.
Комисијата соопштила дека вчерашната дебата “јасно покажала“ дека форматот за останатите дебати е потребна “дополнителна структура, за да се обезбеди правична дискусија“.
Една од можноста која се разгледува е модераторот да добие овластувае да го исклучи микрофонот на учесникот во дебатата додека неговиот противник зборува.
Првата дебата Трамп и Бајден ја обележаа во хаотична атмосвера, со чести упаѓања во збор на соговорникот со остри зборови и лични навреди, каде што модераторот на дебата, новинар на Фокс њуз Крис Волас не успеал да воспостави контрола над дискусијата.
До избори за претседател на САД кој ќе се одржат на 3 ноември, ќе бидат одржани уште две дебати, на 15 октомври во Мајами и 22 октомври во Нешвил.