Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Николоски на видео конференција со претставниците на ЦДИ: Власта лошо ја менаџира корона кризата во Македонија

Центристичко демократската интернационала (ЦДИ) денес одржува состанок на Извршниот комитет, со кој претседава Претседателот на ЦДИ Андрес Пастрана. Заради состојбата со корона кризата состанокот се одржува преку видео конференција. ВМРО-ДПМНЕ е претставена од Потпретседателот Александар Николоски кој во своето обраќање ги информираше преставниците на партии десни од центарот од цел свет за состојбата во Македонија, недемократската атмосфера во која поминаа изборите на 15-ти јули, поткупот и притисокот врз гласачите, нееднаквиот пристап за промоција на својата програма и кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, како и злоупотребата на вонредните состојби од страна на СДСМ. 

Потпретседателот Николоски информираше и за активностите кои ги има партијата, изборот на Извршен комитет и Генерален секретар, протестите кои ги органзира партијата, како и активностите на пратеничката група во Собранието.  Николоски информираше за лошиот менаџмент на корона кризата од страна на Владата како и бројните корупциски скандали. 

ЦДИ е најголема светска организација на партии десни од центарот, конзервативни и христијанско – демократски партии. Во раководството на ЦДИ покрај претседателот Пастрана влегуваат и Антонио Лопез Истуриз како Генерален секретар, а потпретседатели се лидерот на шпанската опозиција Пабло Касадо, премиерот на Словенија Јанез Јанша, Елмар Брок од ЦДУ Германија, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, поранешниот претседател на Либан Амин Гемајел. 

ВМРО-ДПМНЕ е полноправен цлен на ЦДИ од 2018.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...