Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

На лагата и се кратки нозете: Разузнавачот Богоевски повторно во конфликт со законот

Желбата да добие оштета од цели милион евра, поранешниот шеф на тајните служби, Слободан Богоевски, повторно може да го одведе зад решетки. Имено тој како сведок на денешното рочиште за случајот Таргет – Тврдина, рече дека од вработените во Управата за национална безбедност дознал дека е прислушуван. Богоевски под заклетва пред надлежниот судија тврдеше дека во периодот кога бил прислушуван работел како консултант во една приватна компанија, а неговите екс колеги го предупредиле да биде внимателен што зборува и со кого се сретнува, бидејќи бил и физички следен. Богоевски пред судијата наведе дека и тој е жртва во предметот кој се однесува на незаконското прислушување. Според него службите без никаква основа ги следеле неговите разговори.

И „разузнавањето“ се претера !

Сакајќи да поентира пред судијата во процесот Таргет – Тврдина, Богоевски како аргумент во негова полза понудил и наводни изјави од пријатели кои биле заверени и пред нотар дека еден од обвинетите во предметот,поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, се договарал со со истражен судија за да издаде налог за следење на неговите телефонски комуникации. Богоевски дури и тврдел дека неговите пријатели го виделе Мијалков и судијата како седеле заедно и се договарале.


Заплетот следи откако ненадејно и бурно реагирал судечкиот судија Туфегџиќ. Тој на записник побарал исказот на Богоевски да биде доставен до надлежен Јавен обвинител и надлежниот обвинител по допрен глас да отвори нова истрага за тврдењата на сведокот. Туфегџиќ на записник и официјално ги побарал нотарски заверените изјави на познаниците на Богоевски и инсистирал истите да бидат доставени до обвинителството за да се истражи вистинитоста на тврдењата на поранешниот шеф на разузнавањето.
Општото изненадување од реакцијата на судијата Туфегџиќ траела до крајот на вчерашното рочиште кога и самиот во разговор со присутните адвокати, потврдил дека бил Истражен судија во предметот во кој што се применети посебни истражни мерки против Богоевски. Самиот Туфегџиќ ја издал наредбата за следење на комуникациите на Богоевски и тоа не заради некаква средба и договор со Мијалков, туку како што се дознава, на барање на словенечките органи на прогонот кои биле заинтересирани за тој случај. Освен по наредбата на тогашниот истражен судија, според информациите кои ги имаме, Богоевски не е следен ниту еден ден повеќе.


Богоевски не е прв пат осомничен за малверзации и противправно богатење

Во декември 2013 година поранешниот разузнавач Слободан Богоевски за перење пари во случајот „Агент“ од страна на Кривичниот суд беше осуден на казна затвор во времетраење од две години. Во предметот освен него беа обвинети и осудени уште пет други лица. Во случајот „Агент“, тие се товареа за финансиски малверзации при купопродажбата на спорното земјиште што се наоѓа близу Спортскиот центар „Борис Трајковски. Во случајот беше инволвирана и фирма ќерка на словенечката компанија „Меркатор“, заради што имаше и меѓународен интерес за предметот.

Според пресудата, обвинетите требаа да платат и штета, која според обвинението изнесува околу 850.000 евра, средства за кои се смета дека се стекнати со дејство на кривичните дела злоупотреба на службената положба и перење пари.

На Богоевски му се заканува казна затвор до пет години

„Сведок, вештак, преведувач или толкувач кој пред суд или во управна, прекршочна или дисциплинска постапка ќе даде лажен исказ, ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци. Ако лажниот исказ од став 1 е даден во кривична постапка, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години“. Ова го пропишува Кривичниот законик во членот 367 „Давање на лажен исказ“. Доколку делото предизвика и посериозни последици, законот запретува казна затвор и до дест години.


Јасно е дека со отварањето на новата истрага, Богоевски повотрно ќе се соочи со правдата бидејќи малку е веројатно дека тој ќе успее да го убеди судечкиот судија дека направил нешто што не направил. Дополнителен проблем е загрозувањето на неговите познаници, доколку истите навистина имале дадени лажни искази кои биле заверени пред нотар.
Лажниот исказ на Богоевски , доколку не се разобличи и санкционира , фрла црна дамка и на останатите сведочења во предметите на СЈО.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...