Интер фуриозно ја почна новата сезона во Серија А, ја забележа втората победа во првенството, а вечерва со 5:2 славеше против Беневенто. Тренерот Антонио Конте беше презадоволен од настапот на своите играчи и посочи дека тоа е вистинскиот Интер кој ужива да го гледа. „Нероаѕурите“ постигнаа девет голови на два меча, но примија пет што е невообичаено за екипата на Конте.
„Ова е тим што напаѓа, создава многу шанси и нормално е да оставиме простор во дефанзивниот ред. Примивме два гола на денешниот меч, па мораме да најдеме некој баланс. Инаку уживам да го гледам овој Интер како игра. Градиме тим што е најважно во моментов, а некој ќе каже сме го победиле Беневенто, но да ги потсетам дека тој тим ја победи Сампдорија во гости пред неколку денови“, изјави Конте.
На прашањето за шансите на Интер за „Скудетото“ Конте изјави:
„Не сакам да зборувам на таа тема затоа што ќе бидат извртени моите зборови. Но слушам дека луѓето не гледаат како сериозни конкуренти што значи дека многу сме напреднале. Тоа ме радува затоа што луѓето препознаваат дека имаме потенцијал“, вели стратегот на Интер.