Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

И БЕРЛИН СЕ ИНВОЛВИРА ВО СПОРОТ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ и други спорови со Бугарија

Во ЕУ се водат интензивни разговори со Бугарија за старт на преговори со Македонија, а Германија ќе направи се што може за Македонија да ги почне преговорите со Европската унија до крајот на годината, порача шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

Македонија и процесот на проширување на ЕУ се едни од приоритетите на германското претседателство со Европската унија, истакна денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Тој на заедничката видео-пресконференција по онлајн-состанокот со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи потсети дека досега двапати бил во посета на Скопје и изрази жалење што во моментов, поради корона-кризата не може повторно да ја посети земјата.

За да почнат преговорите на Макеоднија со ЕУ според Мас, покрај билатералните разговори меѓу двете земји и во Унијата во моментов се водат интензивни разговори околу билатералните теми кои постојат меѓу Бугарија и Македонија.

„Водиме интензивни разговори во рамки на ЕУ и разговараме со нашите бугарски колеги за билатералните прашања кои постојат меѓу Македонија и Бугарија. Нашата цел останува и мислам дека е достижно пред крајот на годината да и овозможиме на Македонија да започне конкретни и детални преговори “, изјави Мас за спорот меѓу двете земји пренесува Телма.

Ова е прва изјава на членка на ЕУ со која се потврдува дека спорот меѓу Макеоднија и Бугарија во кој главна тема е припадноста на Гоце Делчев веќе не е само билатерален туку мултилателарен спор во кој се инволвирани повеќе фактори во ЕУ.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Свет

На почетокот на ноември 2017 година, речиси 400 најмоќни луѓе од Саудиска Арабија, меѓу нив принцови, тајкуни и министри, беа повикани и приведени во...

Свет

Нов мутиран вид на коронавирус, откриен на фарми со визони (куни) во Данска, најверојатно изумрел, соопшти денеска данското Министерство за здравство. Нови случаи на...