Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

БРЗИ КОРОНА ТЕСТОВИ ЗА 15 МИНУТИ: Во што се разликуваат и кога ќе бидат достапни

Нов облик на тестирање за Ковид-19, кој дава резултати по само 15-30 минути, ќе биде достапен ширум светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), тоа го најави како „добра вест“ во глобалната борба против пандемијата.

Новинската агенција ПА анализираше неколку основни прашања поврзани со брзите тестови на антитела.

Како работи новиот тест?

Брзите тестови за антитела на САРС-КоВ-2 дејствуваат со откривање на протеини на површината на вирусот. Тестовите, кои се слични на тестовите за бременост, даваат резултати во рок од 30 минути. Ако тестот е позитивен, на екранот се појавуваат две сини линии. СЗО ги одобри овие тестови минатата недела.

Како се разликуваат од другите тестови?

Главната разлика помеѓу брзите тестови на антитела и тестовите засновани на анализа на брисеви земени од носот и грлото, односно тестот кога се зема крв од прстот, е тоа што не е неопходна лабораториска анализа за да се добијат резултати.

Ова значи дека инфекцијата може да се открие во рок од неколку минути, додека за анализа на гените, т.н. PCR тест, трае неколку часа, па дури и денови. Покрај тоа, брзите тестови се значително поевтини (чинат 5 американски долари), но генерално се сметаат за помалку точни од лабораториските тестови.

Колку се важни новите тестови во борбата против коронавирусот

Брзите тестови за антитела САРС-CoV-2 можат да бидат од витално значење за подобрување на капацитетот за тестирање во земји кои немаат доволно лабораториски ресурси и обучен здравствен персонал за да извршат тестови за ПЦР.

Питер Сендс, извршен директор на Глобалниот фонд, партнерство кое работи заедно за да се стави крај на епидемијата, вели дека тестовите се „значаен чекор“ во напорите за борба против вирусот ширум светот.

Кога тестовите ќе бидат воведени

СЗО и нејзините главни партнери се согласија да распределат 120 милиони брзи тестови следниот месец, а според Катарина Беме, извршен директор на непрофитната организација Фондација за иновативна нова дијагностика, првите количини ќе бидат наменети за 20 африкански земји.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...