Како го варите чајот со загревање на водата додека не зоврие, а потоа ја преливате кесичката со чај? Експертите од Велика Британија велат дека тоа не е во ред.
Имено, тие веруваат дека врелата вода е мит поради кој чајот нема добар вкус. Со цел чајот, еден од најздравите пијалоци, да има најдобар ефект врз нашето тело, водата не треба да биде потопла од 80 степени.
Мартин Исарк, професионален дегустатор на храна и пијалоци, тврди дека додавањето врела вода е излишно денес, додека порано беше потребно да се осигурате дека водата е безбедна за пиење.

– Премногу топла вода ќе ги убие посакуваните ароми на чај, а ќе имате и силен вкус на суви танини. Со вриење на водата и чување начесичктие во таква вода премногу долго, ќе добиете лоша чаша чај, смета експертот
Исарк да измешате 80 проценти врела вода и 20 проценти ладна вода во чашата.
За бел, зелен и жолт чај, доволна е температура до 70 степени, за црн чај до 95 степени и за овошен чај до 100 степени.
