Откако беа потврдени 14 случаи на коронавирус во Џенова, а се чекаат тестирањата од Наполи, министерството за здравство на Италија побара прекин на Серија „А“.
Заменичката министерка побарала итен прекин на првенството.
„Протоколите кои ги потпишавме говорат сами за себе. Серија „А“ мора да биде прекината“, рече Сандра Зампа и додаде:
„Со толку забележани позитивни случаи останува само да се прекине првенството. Заразените не может да играат, а може да ги заразат другите“, рече Зампа.