Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Трамп го престигнува Бајден во КЛУЧНИТЕ ДРЖАВИ КОИ ГО РЕШАВААТ ПОБЕДНИКОТ

Кандидатот за претседател на Демократите, Џо Бајден, сепак има предност од неколку процентни поени во однос на сегашниот претседател на САД, кандидат на Републиканците Доналд Трамп, според испитувањата на јавното мислење на целата територија на САД во септември.

Сите оние кои мерат рејтинг забележуваат дека на ваквите анкети претежно присуствуваат потенцијални гласачи, како и дека тоа не се сигурен показател за тоа како ќе гласаат одредени држави во САД, што традиционално ќе го одредат победникот.

На ваквите „фронтови“, во американската политичка технологија наречена „свинг стејтс“, во моментов има „тесен резултат“, а на некои места, како Ајова, Трамп го „престигна“ Бајден.

Републиканскиот кандидат во моментов има далеку поголема предност во Оклахома. Анкетата спроведена од „Амбер Интергрејтед“, од 17 до 22 септември, на 500 потенцијални гласачи 55% изразиле политичка поддршка за Трамп, а 33% од нив за Бајден. Судејќи според истражувањето, Трамп може да се надева на глатка победа во Јужна Каролина.

Во анкетата на ЈуГов, спроведена за потребите на СиБиСи Њуз, со учество на 1.061 регистрирани гласачи во Јужна Каролина, сегашниот претседател е поддржан од 52 проценти од испитаниците, а кандидатот на демократите од 42 проценти од нив.

Според резултатите од месечната анкета на универзитетот Монмут, Трамп е поддржан од 50 проценти од регистрираните гласачи во Ајова, а Бајден од 44 проценти. Актуелниот претседател „води“ и во Канзас.

Истражувањето спроведено од „Дата фор прогрес“ од 20 до 25 септември, во кое учествуваа 883 потенцијални гласачи, покажа дека Трамп ужива поддршка од 48 проценти, а Бајден 42 проценти. Во претходната анкета на истата агенција, спроведена помеѓу 14 и 19 септември во Канзас, ист процент на потенцијални гласачи (48 проценти) изразија политичка поддршка за Трамп, а 45 проценти се одлучија за Бајден.

Што се однесува до Северна Каролина, истражувањето на ЈуГов спроведено помеѓу 23 и 25 септември на 1213 потенцијални гласачи. Според таа анкета, Бајден е поддржан од 48 проценти од испитаниците, а Трамп од 46 проценти од нив.

Таквиот резултат претставува подобрување за републиканскиот кандидат, бидејќи неговиот демократски ривал имаше 48% предност во однос на 44% во истата анкета во јули. Рејтингот на главните претседателски кандидати се мереше и во септември во Северна Каролина од агенцијата Ипсос. Во анкетата на Ипсос, нарачана од Ројтерс и спроведена помеѓу 11 и 16 септември, учествуваа 1.005 испитаници, вклучително и 586 потенцијални гласачи. Резултатите покажуваат изедначена „трка“ – 47:47 проценти.

Исто така, 47 проценти од испитаниците одговориле дека Бајден подобро ќе ги поправи последиците од коронавирусот, додека 45 проценти од нив го кажале истото за Трамп. Во исто време, 51 процент од испитаниците веруваат дека Трамп би ја водел економијата подобро, а 44 проценти тоа го рекле за Бајден.

Еден од неизвесните „фронтови“ на политичкиот судир меѓу Трамп и Бајден е Невада. „Расмусен Репортс“ спроведе анкета помеѓу 23 и 25 септември, во која учествуваа 750 потенцијални гласачи од таа земја. Според резултатите, 49 проценти од испитаниците го поддржале Бајден, а Трамп го поддржуваат 48 проценти од нив. Резултатот покажува дека Трамп доби нови поддржувачи во Невада, бидејќи истражувањето спроведено од АЛГ Рисрч во втората недела од септември, со учество на 800 потенцијални гласачи, му „дава“ поголема предност на Бајден, за четири процентни поени (47 проценти од испитаниците за Бајден, 43 проценти за Трамп).

Актуелниот „закупец во Белата куќа“ успеа да добие мала предност пред неговиот противник во Аризона. Анкетата „Дата фор прогрес“, спроведена во таа земја од 15 до 22 септември, на 481 потенцијален гласач, 46 проценти изјавиле дека го поддржуваат Трамп, а 45 проценти од нив  Бајден. Жителите на Аризона исто така веруваат дека Трамп би ја водел економијата подобро од Бајден, според истражувањето спроведено од „Ипсос“ од 11 до 16 септември, во кое учествувале 1.005 возрасни лица, вклучително и 565 потенцијални гласачи.

Трамп има предност и од еден процентен поен во Тексас. Анкетата е спроведена од „Дата фор прогрес“, од 15 до 22 септември, со учество на 481 потенцијален гласач. Според резултатите, 46 проценти од испитаниците би гласале за републиканскиот кандидат, а 45 проценти за демократскиот кандидат.

Слична „слика“ има и во Мичиген, каде што истражување спроведе Групацијата Трафалгар, во периодот од 20 до 22 септември. Според тие резултати, Трамп е поддржан од 47 проценти од испитаниците, а Бајден од 46 проценти од нив. Идентичен пресек е добиен во Џорџија, каде рејтингот на водечките кандидати на изборите во ноември беше „измерен“ од ЈуГов, за потребите на СиБиСи Њуз. Таа анкета заврши минатиот викенд и покажа сооднос од 47 до 46 проценти во корист на Трамп.

Политичко расположение во градовите и селата

Според анкетата спроведена од колеџот „Емерсон“ помеѓу 22 и 23 септември, со учество на 1.000 потенцијални гласачи од различни делови на САД, Трамп има силно место во руралните области, каде го поддржуваат 56 проценти од жителите, додека 36 проценти од таквите испитаници го избрале Бајден . Од друга страна, Бајден е далеку попопуларен од Трамп во градовите, каде што соодносот е 53 проценти со 37 проценти во корист на демократскиот кандидат.

Економијата како одлучувачки фактор?

Експертите велат дека економијата може да биде одлучувачки фактор за претседателските избори во САД. За илустрација, истражувањето спроведено од ЈуГов од 20 до 22 септември, нарачано од „Економист“, со учество на 1.500 возрасни граѓани на САД, покажа дека 37 проценти од испитаниците веруваат дека економската состојба во земјата ќе се промени на подобро ако Трамп победи, додека 32 проценти проценуваат дека тоа ќе се случи ако Бајден стане претседател.

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....