Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

СИТЕ И ЗАВИДУВААТ НА НЕЈЗИНАТА УБАВИНА – Моника Белучи наполни 56 години (ФОТО)

Моника Белучи денес го слави својот 56-ти роденден. Актерката со безвременска убавина изгледа како воопшто да не се променила низ годините.

Таа и пркоси на естетската хирургија и затоа ја обожаваат насекаде низ светот.

– Убавината е хендикеп ако сте глупави, не ако сте интелигентни и знаете како да ја користите. Се чувствувам добро и пријатно во своето тело, но не затоа што сум убава. Познавам многу убави луѓе и нивните животи се страшни. Тие се многу несигурни. Среќна сум што ме сакаат и имам прекрасно семејство, рече Моника.

Италијанската актерка е родена во малото гратче Чита ди Кастелно во провинцијата Умбрија во скромно семејство. Од тие денови, таа се сеќава и како ги гледала филмовите на Софија Лорен и сонувала дека еден ден ќе биде и актерка. Нејзиниот татко изјавил дека како дете не била нешто убаво. Тие и ја скратиле косата за да ја направат побујна. Влегувајќи во тинејџерските години, таа се претворила од „грдо пајче“ во заносен „лебед“. Во светот на моделот влезе на 13-годишна возраст, кога го привлече вниманието на еден локален фотограф.

Првата улога ја доби во култниот филм „Дракула“ во 1992 година, во кој играше една од трите жени вампири на Дракула. Набргу потоа, таа се вљуби во нејзиниот француски колега Винсент Касел, со кого има две ќерки. Тие се запознаа на снимањето на филмот од 1996 година. Но, парот се разведе 14 години подоцна.

– Повеќето жени бараат безбедност, додека мажите сакаат авантура, објасни Касел зошто нивниот брак се распаднал.

Сепак, по разводот тие останаа во добри односи. Италијанскиот филм „Малена“ и донесе светска слава и титулата најсекси жена на денешницата, а три години подоцна се појави во филмовите на франшизата „Матрикс“. Во 2015 година, таа стана најстарата девојка Бонд во историјата на франшизата.

– Кога наполнив 50 години, не се  лажев да помислам дека сè уште можам да имам енергија и ентузијазам од 20-годишник. Никогаш не би се вратила во тие години. Бев борец во четириесеттите години и сега е време за повторно раѓање, изјави Белучи.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...

Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, велат оттаму. Само на територијата на...