Бразилскиот ас Нејмар има очигледно големо проблеми на тлото на Шпанија. Даночната управа на Шпанија туку што ги објави оние должници кои се во минус во однос на државата повеќе од еден милион евра, а на таа листа се најде и Брзилецот.
Нејмар шрестојуваше во Шпанија од 2013 година кога пристигна во Барселона, и оттогаш па до овој момент не платил данок во износ од 36.4 милиони евра.
Доколку тоа не го стори, односно не го покрие долгот, следува нормално конфискација на имот, нешто што сигурно Нејмар поседува на тлото на оваа држава.
Нејмар слични проблеми имаше и во родната земја, каде што беше обвинет за затајување на 25 милиони долари, но успеа да докаже дека воопшто не едолжен затоа што парите не ги заработувал во Бразил туку во странство.