15.8 C
Skopje
понеделник, февруари 26, 2024

Илон Маск: НИ ЈАС, НИ МОЕТО СЕМЕЈСТВО НЕМА ДА СЕ ВАКЦИНИРАМЕ против коронавирус

Директорот на компаниите СпејсИкс и Тесла, Илон Маск изјави дека тој и неговото семејство нема да се вакцинираат против коронавирусот.

Маск за Њујорк Тајмс изјави дека ниту тој, ниту неговите деца не се во ризичната група кога станува збор за ковид-19.

Коментирајќи ги мерките за карантин што ги применуваат многу земји во светот со цел да се спречи ширењето на вирусот, тој рече дека е против ваквите мерки затоа што тие не придонесуваат за општото добро.

– Во суштина, вистинската работа ќе беше да не ја затворавме целата земја, но мислам дека сите што се во опасност треба да бидат во карантин додека не помине бурата, рече Маск.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести