Луѓето се слични и во текот на животот наидуваат на слични проблеми и недоумици. Научниците го истражувале феноменот на животни подеми и падови и откриле во која фаза од животот луѓето се најнесреќни
За истражувањето, објавено во „Journal of Economic Behavior & Organisation“ научниците испитале 14 милиони луѓе од 40 европски земји, САД и 168 земји преку „Gallup World Pool“
Без оглед на надворешните стресори и индивидуалните настани, врвот на несреќите во животот на луѓето се случува на 49-годишна возраст. Во тие години, луѓето признаваат дека се помалку среќни од вообичаеното.
Резултатот ја поддржува тезата за кризата во средниот живот.
На оваа возраст, луѓето сфаќаат дека поставиле нереални цели во текот на целиот живот. Во исто време, во подоцнежниот живот, работите што порано изгледале нормално се вреднуваат повеќе – на пример, здравјето.

