Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Филипче најави брзи тестови за Ковид-19, достапни ќе бидат во болниците и на граничните премини

Брзите тестови за Ковид-19 многу скоро се очекува да бидат достапни и во болниците во нашата држава. Министерот за здравство, Венко Филипче, во вчерашното интервју во „Топ Тема” на ТВ Телма, посочи дека тие како министерство планираат надградување на стратегијата за тестирање, односно ова воспоставување на стратегијата за широко тестирање.

– Последните неколку месеци на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот (не на антителата). Меѓутоа се брзи и за 10-15 минути го детектират тоа без потребна лабораторија,  без лабораториски апарат. Значи брис и една мала плочка. За кратко време ќе почнеме со набавка. Тие тестови пред се ќе бидат дистрибуирани во болниците, и во соработка со Центрите за јавно здравје, веројатно на граничните премини. Сето тоа ќе овозможи многу брз резултат на пациентите кои доаѓаат пред се итните, и на тие што им е потребна некаква интервенција. За 15 минути на лице место, без никаква потреба за голема експертиза, ќе знаат вработените дали пациентот е позитивен или негативен, рече министерот Филипче.

Освен во болниците министерот Филипче, додаде дека брзи тестови за Ковид-19 ќе има и на граничните премини, но пред тоа ќе треба да се подготви стратегија.

Меѓу другото, министерот додаде дека ниту една земја нема начин на широко тестирање како што имаме ние, со исклучок на големите земји. Филипче исто така рече дека во државата се тестираат дури и луѓето кои што биле во ризик, а немаат симптоми се со цел да се види да не се случи да има асимптоматски носители. Со такво широко тестирање, министерот посочи дека се штитат и сите луѓе околу позитивните.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...