Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Сцена од крими филм на Словенечка: ВОЗАЧОТ ДОБИЛ КАЗНА, па со тројцата сопатници се тепале со полицијата

На 28.09.2020 околу 12.40 часот на бул.„Словенија“ во Скопје, на влез за с.Визбегово, полициски службеници сопреле патничко возило „дачиа дастер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(54) од Скопје, во кое сопатници биле три лица. Притоа, полициските службеници констатирале прекршок и му издале записник на возачот. Малку подоцна, на бул.„Словенија“, во близина на крстосницата со магистрален пат Скопје-Блаце, на службеното возило управувано од полициските службеници му бил пресечен патот од возилото „дачиа дастер“ и од него излегол И.И. и трите лица, од кои едно од нив физички нападнало полициски службеник. Набргу потоа, возачот и другите лица биле пронајдени и приведени во полициска станица. Станува збор за
А.И.(51), Р.И.(56) и М.И.(53), сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...