Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

“МИНИ-ШЕНГЕН“, АЛИЈАС “ЧЕТВРТА ЈУГОСЛАВИЈА“

“Србија се избори за полна рехабилитација пред светот, со децении српски претседател не влегол во Белата куќа“, рекол лидерот на Самоопределување Албин Курти.

Албанците сватиле дека нема начин да се одбранат од економската доминација на Србија, особено после договорот Косово да влезе во “мини-Шенген“.

Албин Курти бивш премиер на Косово, договорот помеѓу Србија и Косово постигнат во Белата куќа, е договор кој создава “четврта Југославија“, пренесува “Газета експрес“.

Курти смета дека тоа е нова Југославија која се создава прку “мини Шенген“, која на Белград ќе му овозможи економска хегемонија над Албанците на Косово и во Албанија, наведува “Косово онлајн“.

– Косовските Албанци и Албанците во таа “четврта Југославија“ ќе бидат само потрошувачи на српска роба и се надеваат дека патарини ќе добиваат од српските камиони. Бидејќи нашите произведувачи ќе останат незаштитени – рекол тој пред членовите на неговата партија.

Спрема неговите зборови, премиерот на Косово Авдулах Хоти потпишал најголеми отстапки кои Приштина ги направила кон Белград во период после конфликтот.

– Србија се избори за полна рехабилитација пред светот- рекол Курти и додал дека “со децении српски претседател не влегол во Белата куќа“

Пратеникот Владимир Маринковиќ рекол дека Курти е политичар кој е заробен во минатото и старите конфликти.

– Тој воопшто не сваќа дека “мини-Шенген и вашингтонскиот договор подеднакво се добри за сите народи кои ќе учествуваат во процес на економски развој и имплементација на политика на слободен проток на луѓе, стока и капитал. Американците тоа го препознале како фактор за конфликти, за разлика од Вучиќ кој успеал целосно да ја пренасочи ситуацијата и за кусо време да ги зајакни билатералните односи помеѓу Србија и САД и на тој начин Србија да стане главен партнер на Америка во овој дел на Европа каде што САД планираат да инвестираат големи сретства и да ја зајакнат економијата а со самото тоа и геополитичката позиција на Србија – рекол тој, и додал дека времето на Курти и слични на него поминало.

– Се надеваме дека Албанците ќе сватат и ќе го прифатат фактот дека соработка и стабилност се предуслови за подобар живот на сите граѓани, а не постојано барање причина за раздор и несогласување – порачал Маринковиќ.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...