Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ЗОШТО ПОТОНА ТИТАНИК – Нова теорија за најголемата морска несреќа

Пред повеќе од 100 години, луксузниот брод РМС Титаник потона на првото патување откако се судри со санта мраз и повлече повеќе од 1.500 луѓе до смрт. Мистеријата на потонатиот брод не е разрешена до денес, а неодамна објавената студија фрла целосно ново светло на катастрофата..

Метеорологот и фотограф Мила Зинкова смета дека поларната светлина одиграла клучна улога во потонувањето на Титаник. Според сведочењето на преживеаните патници, ноќта на 15 април 1912 година, на небото заблескала зелена Аурора бореалис.

Научниците од американската вселенска агенција НАСА велат дека е можно поларната светлина да предизвика премногу висок напон и вибрации на бродот. Во врска со ова, научното списание „Live Science“ на својата веб-страница пишува: „Сончевата бура доволно силна за да произведе поларна светлина, може да ги наруши компасите и безжичната комуникација на„ Титаник“ и блиските бродови кои тргнале да им помогнат.

Поларната светлина се создава кога наелектризирани честички на сончевите ветришта ги погодуваат горните слоеви на Земјината атмосфера, каде под нивно влијание, молекулите на кислород и азот почнуваат да светат. Магнетната бура може да ја наруши работата на компасот, а отстапувањето од само 0,5 степени би било доволно за да го однесе бродот во судир со ледениот брег, објаснува Зинкова.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...