Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата направи хаос во образовниот систем

“Надлежните институции втор ден не успеаа да се справат со најголемиот предизвик да се премости дигиталниот јаз во образованието. Министерството за образование и наука, освен бледото известување дека во тек се тестирања на платформата и дека се надеваат дека ќе се соочат со сите предизвици, остана немо на безбројните критики.

Поплаките на родителите, на учениците, а и на наставниците се многубрјни. Во овој момент се поставува прашањето дали учебната година воопшто ќе започне на 1-ви oктомври?

Факт е дека следните неколку недели ќе се потрошат на дополнителни обуки. Време за имплементација, време за обуки на кадар, но не и време за пренесување на знаењето на учениците.

Покрај безбројните проблеми со кои се соочуват сите, за жал ќе има и ученици, близу 40 илјади,  кои од различни причини нема да можат да пристапат до платформата. За непречено следење на наставата беа наведени потребни спецификации кои уредот треба да ги поседува. Дополнително, тоа извлекува близу 20 илјади денари од семeјниот буџет.

На сите отворени прашања кои предизвикуваат конфузија националните координатори велат “Илузорно е да веруваме дека од прво поставување се може да тече идеално”, бараат трпение од учениците, наставниците и родителите. Напротив, илузорно е да се доведуваме во ситуација на прифаќање дека образованиот процес можеби воопшто нема да започне.

Оваа Национална платформа која се промовира како “нова” претставува компилација на веќе постоечки систем. Сеедно, би било добро барем да функцонираше. По правило, крајниот корисник, учениците и наставниците, не се користат за тест фаза.

Владата на СДСМ носи одлуки базирани на притисок од јавноста, а не врз основа на јасен, концизен и стручен план. Контрадикторноста и промената на одлуки е нивна одлика, но платформи кои не функционираат нема да ни донесат резултати.”

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...