9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Поради приватна прослава во Германија СТАВЕНИ 900 ЛИЦА ВО КАРАНТИН

По семејна приватна прослава во германски град повеќе десетици лица се позитивни на коронавирус, а 900 се во карантин.

Поради заразата на прославата, повеќе училишта морале да превземат мерки за да спречат ширење на вирусот, па околу 900 ученици и наставници се во карантин.

Имено, од прославата досега позитивни на вирусот се 36 лица, но се уште сите гости не се идентификувани.

Според градските власти бројот на заразени би можел да биде многу поголем бидејќи станува збор за роденденска прослава која се одржала на приватен простор,

Според еден весник, прославата започнала рано наутро и траела до доцна во ноќта, а гостите за време на целиот ден се менувале, па е тешко точно да се утврди нивниот број.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести