Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Четири дечиња од градинка заболени од коронавирусот, се заразиле од родителите

Кај четири деца до петгодишна возраст кои одат во градинка потврден е корона вирус. Извор на заразата е семејството кај сите четири деца. Тестот, како што пренесува Канал 5, е направен викендов и веднаш биле информирани градинките во населбите Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош. 16 деца и четири учителки од сите три градинки заминале во самоизолација, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје. Според епидемиолозите на ниво на Скопје од како се отворија градинките од деветти септември до денеска нема ниту еден случај каде дете на дете пренело вирус или пак на негователка.

Епидемиолозите објаснуваат дека граѓаните мора да разберат дека со непочитувањето на мерките и масовните групни собирања ја пролонгираат состојбата со Ковид 19. Она што е важно за професорот Даниловски е проветрувањето во училниците и почитување на мерките носење маски и држење дистанца.

Од центарот за јавно здравје Битола денеска потврдија дека вработена во градинката „Коца Василева“ е позитивна на Ковид 19 и превентивно 13 деца беа пуштени во домашна изолација.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Забава

Оние кои се опоравуваат од вирусот барем 30 дена мора да се чуваат од голем напор, вели др.Ристиќ. Пациенти кои прележале корона вирус не...