Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Ефтов : Бугарските служби заедно со врвот на ВМРО-ДПМНЕ работат на дестабилизација на Македонија

Единствен начин Бугарија да ги оствари своите стратешки приоритети и целосно да го смени националниот идентитет на македонскиот народ е преку блокада на ЕУ процесот за интеграција и политичка дестабилизација на македонија.

Ова е заклучокот на анализата на Васко Ефтов во неговата најнова емисија „Во центар“ насловена „Дали екипата која го смисли Рекет, ја блокира Македонија во ЕУ ?“.

Според Ефтов веќе се формирани персоналните сојузи кои треба да ја реализираат оваа стратегија. Од една страна се европратеникот Андреј Ковачев и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, а од друга Красимир Каракачанов и Христијан Мицкоски, вели Ефтов.

Таа е истата екипа која го продуцирала скандалот „Рекет“, а сега согласно анализите на Ефтов работи на блокирање на патот на Македонија кон ЕУ.

Ефтов тврди дека разузнавачкото подземје под контрола на Каракачанов ги има донесено и инсталирано уредите за незаконско следење на телефонските комуникации и видео снимање на средбите од кои подоцна излегуваат снимките доставени до Ла Верита.

Ефтов јавно го изразува сомнежот дека Радеј Точев, човек кој е дел од тие структури, бил првиот линк кој ги поврзал Мицкоски и Зоран Милески – Кичеец.

Според Ефтов, целата оваа структура добила 14 милиони евра за дестабилизација на Македонија и нејзино оддалечување од ЕУ.

Ефтов смета дека долгорочна стратегија на Бугарија е да поддржува политичари и партии во Македонија кои ќе работат на нејзина дестабилизација и блокирање на патот кон ЕУ.

За ваквата стратегија веќе гласно зборувале и претставници од повеќе амбасади, а како што заклучува Ефтов, потврда за сценариото е и изборот на Вело Марковски во Извршниот комитет. Со оглед на неговото минато, Ефтов очекува Марковски дополнително да ја раскара ВМРО-ДПМНЕ со Брисел и Вашингтон.

Според Ефтов разврската ќе биде едно од сценарија и тоа : смена на Мицкоски и избор на нов лидер, останување на Мицскоски проследено со поделба на ВМРО-ДПМНЕ на повеќе партии или целосно згаснување на партијата.

Погледнете ја последната анализа на Васко Ефтов:

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...