Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Го чекавме да дојде дома, НО СЕ СЛУЧИ ПРОКЛЕТИОТ ПЕТОК – Исповед на таткото на пилотот на паднатиот авион

Стјепан Крсник, татко на загинатиот мајор на српската армија, за српски Курир вели дека Дејан бил нивна гордост и врвен пилот, кој чесно и служел на државата

Чекавме да дојде нашиот син за време на викендот, но тој се случи тој проклет петок. Ништо не може да го врати нашиот Дејан. Тој беше наша гордост.

Со овие зборови, Стјепан Крсник, таткото на мајорот Дејан Крсник (49), кој почина во петокот заедно со капетанот од прва класа Звонко Васиљевиќ (43),  откако се сруши воениот авион „Миг 21“ во селото Брасина кај Мали Зворник.

– Само што слушнавме дека паднал „Миг 21“, знаевме дека Дејан е во него. Во текот на целата своја кариера, тој леташе исклучиво со ваков вид авиони. Надежта дека е жив траеше од моментот кога слушнавме за веста дека еден пилот се катапултирал. Мислевме дека е жив – вели Стјепан со горчина во гласот и додава: – Се надевавме на чудо, но сè се сруши кога командирот и колегата на Дејан ни тропнаа на вратата. Веднаш штом ги видовме, знаевме дека тој е мртов. Тогаш сите почнаа да доаѓаат и да ни изразуваат сочувство, целиот воен и државен врв имаше утешни зборови за нас.

Несреќниот татко вели дека последен пат го видел својот син пред две недели.

– Мајката на Дејан и сопругата се сериозно болни, а ниту јас не сум во добра здравствена состојба. Планираше да дојде за викендот, но се случи трагедија – вели Стјепан, кој исто така беше војник. Тој вели дека се обидел да му објасни на неговиот внук, единствениот син на Дејан, кој тргнал по стапките на неговиот татко и се запишал на пилотска академија, дека неговиот повик е ризичен.

– Ние чесно и служиме на државата и мора да бидеме подготвени за такви работи. Верувам дека мојот син и неговиот колега останаа во авионот до последен момент за да не падне во куќите и да избегне цивилни жртви – вели неутешниот татко и додава дека се надева дека истрагата наскоро ќе открие зошто се срушил авионот.

Министерот за одбрана Александар Вулин вчера изјави дека се собрани сите материјални докази и дека е пронајден рекордер за параметрите на летот на авионот. – Рекордерот за параметри на летот сега се чита и ќе се види што снимил. Тој е во добра состојба и претставува еден вид црна кутија, врз основа на која ќе се види на која надморска височина летал авионот и со која брзина. Комисиите сега ги проучуваат доказите, а тие потоа ќе бидат доставени до обвинителството – рече Вулин и додаде: – Одлуката за катапулт на двајцата пилоти ја носи оној што командува со леталото. Истрагата ќе покаже дали пилотите се катапултирале. Командант на леталото беше мајор Крсник, тој е инструктор за летање – објасни министерот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити. Си замина еден голем Вардарец, еден...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...