Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ВИРУСОТ ЗАБРЗАНО СЕ ШИРИ: Од денеска се враќа полицискиот час во делови од Црна гора

Со оглед на исклучително распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Мерките се во сила од денеска.

Усвоените мерки ќе обезбедат да го сузбиеме интензивното ширење на епидемијата во првата половина на октомври и да ги зачуваме здравјето и животот на населението, наведува од ИЈЗ и апелираат граѓаните да ги почитуваат доследно мерките.

Од денеска до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите на коронавирус во Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе биде забрането напуштање на домовите од 22 до 5 часот наутро, а работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети.

Од денеска во Рожаје е забранета работата на угостителските објекти и домашните посети.

Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12 октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат само до 22 часот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити. Си замина еден голем Вардарец, еден...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...