Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Чепреганов: Политичарите не смеат да им „ДИКТИРААТ“ на историчарите

Историските настани и личности не се работа на политичарите и на комисии, вели историчарот Тодор Чепреганов во однос на ставовите кои доаѓаат од официјална Софија во однос на договорот за добрососедство како и изјавите на политичарите дека Гоце Делчев е македонски а Бугарија го чувствува за бугарски револуционер.

Со ова вели Чепреганов, политиката настојува да биде на чекор пред историчарите диктирајќи ја нивната работа. За него е апсурдно во една личност да има два револуционера и за што тој се борел.

Како бугарски револуционер би требало да се бори за Санстефанска Бугарија без Македонци во неа,а како македонски тој се борел за автономна Македонија со признаени Македонци, вели Чепреганов.

Чепреганов не се согласува дека може да се прави паралела меѓу Мајка Тереза или пак Скендер Бег со она за што се борел Делчев.

Никој не е против Европа, но ние не можеме национално да се обезличиме, смета Чепреганов.

Досега мешовитата комисија со Бугарија одржа девет средби, а постигна договор за шест историски личности.

Пред историчарите во комисијата остануваат прашањето за Гоце Делчев, Илинденското востание како и прашања од средниот век.

најчитани вести

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...

Македонија

Еден од ретките кои што профитираа од инцидентите на 27 Април, а веројатно и единствен во ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски. После немилиот настан следуваа...

Забава

Иако велат дека убавината е во очите кој ја гледаат, во овој случај дури и науката докажала дека таа има совршено тело. Ако прашате...

Забава

Пејачката Сандра Африка за свој дом ја одбра населбата која е многу популарна меѓу познатите. Соседите велат дека речиси секојдневно ја сретнуваат во кафулињата,...