Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ТАЛЕСКИ: Напредувавме во извештајот на ГРЕКО, доаѓа време на ред, правда и дисциплина

Прес-конференција, Миле Талески пратеник од СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Силната заложба и посветеност на Владата предводена од СДСМ за борба против криминалот и корупцијата и за владеење на правото, даваат резултати кои се и меѓународно признати.

Потврда за тоа е последниот извештај на Телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во земјите – ГРЕКО кој нотира значаен напредок на Република Северна Македонија во делот на исполнување на препораки од четвртиот круг на евалуација.

Во извештајот е констатирано дека Северна Македонија прави голем исчекор – досегашната оценка за усогласеност со дадените препораки на ГРЕКО беше „генерално незадоволителна“ а сега таа се искачува на „задоволителна“.

Благодарение на преземените реформски чекори на Владата предводена од СДСМ, Република Северна Македонија ја напушта групата на „глобално незадоволителни држави“.

Ова почитувани, е дополнителен мотив за Владата, за институциите да продолжат со силна борба против криминалот и корупцијата. Уште во првите денови од мандатот преку рушење на дивоградбата кај „Мавровка“ преку бројните ефикасни и неселективни акции на МВР, Владата предводена од СДСМ покажа дека доаѓа време на ред, правда и дисциплина на сите нивоа.

Доаѓа време и на темелно прочистување на судството и зајакнување на капацитетите на правната држава која неселективно и ефикасно ќе се бори против секое прекршување на законите.

Почитувани,

СДСМ останува силно посветена на реформите што обезбедуваат силно, независно и професионално правосудство кое ќе испорачува правда за сите.

Продолжуваме уште повеќе со реформите, за да биде уште подобро за сите.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...