Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СДСМ: Градиме позитивна бизнис клима, со која економијата и во време на пандемија е атрактивна за инвестиции

Инвеститорите ја препознаваат позитивната стабилна клима за вложување во нашата економија и отворениот и инклузивен пристап на Владата предводена од СДСМ за креирање услови за побрз развој и одржливост на стопанството.

Процесот на реализација на директните странски инвестиции во земјата се одвива тековно и во време на пандемијата со коронавирусот.

За тоа зборува вториот инвестициски проект на компанијата „ВИК (WIK) Македонија“ во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп, кој доби државна поддршка.

Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица.

Ова е потврда за позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата предводена од СДСМ, препознавање на предностите од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ.

Со членството во НАТО, со процесот на отворање на преговори за членство во ЕУ, Република Северна Македонија станува атрактивна дестинација за сериозни странски вложувања и наскоро се очекува реализација на уште неколку големи инвестиции.

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои создаваат позитивна, стабилна и предвидлива бизнис клима и градење на нова, развојна македонска економија, стимулирање нови инвестиции и на домашните и на странските компании за да се отворат нови подобро платени работни места за нашите граѓани.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

Захиа Деар, која се прослави како малолетна проститка која меѓудругото спиела и со француските фудбалери Франк Рибери и Карим Бензема, денес е дизајнерка, модел,...