Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Дара Бубамара: На ниедна жена не и потребен маж за да биде задоволена

Дара Бубамара открила дека ќе се потруди во иднина да биде што повеќе секси и привлечна. Како што вели, епитетот секси мама никогаш не и сметал бидејќи одлично и стои и нема ништо против дополнително да го оправда.

“На која жена и смета кога ќе и кажат дека е секси? Таа која ќе рече дека не и се допаѓа лаже. Нема ништо лошо во тоа кога ќе ми кажат дека сум секси мама. Секси сум и допрва ќе бидам. Ми може ли некој нешто“, вели Дара и открива дека под гардаробата носи нешто секси.

“Тоа што сум во црн фустан, значи дека под него имав црвено здолниште. Важно е тоа што се гледа да биде пристојно. Она што не се гледа може малку и да гори“, наведува пеачката која за среќа не и е потребен маж.

“Не верувам во тоа дека жената е среќна само доколку има маж да ја прави среќна. Тоа се глупости! На ниедна жена не и е потребен маж за да биде задоволна со себе. Тие се тука да ни го разубават животот, но без нив се може и тоа многу успешно“, вели Дара, која не чека некој да ја изненади туку самата себе си купува подароци.

“Свој џек сум на сама себе, какви црни мажи. Се што сум замислила, постигнав со своите десет прсти. Сама заработувам, сама себе се изненадувам и верувам во сама себе“, наведува пејачката и истакнува дека ништо освен здравјето, не и е важно

“Кога размислувам за тоа што најмногу сакам за себе, не е фолирање кога ќе кажам дека тоа е исклучиво здравје. Сметам дека се реализирав во се и дека единствено на што неможам да влијаам е здравјето. Кога ќе го видам својот син и своето семејство, посакувам да бидат само здрави, а и јас со нив. Нескромно би било да барам било што друго бидејќи сум таква да исполнувам се на што ќе се наумам и знам дека во оваа година ќе имам хитови и успех на тоа поле“, заклучува фолкерката.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...