Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

„Гранде“ е голем и во пораз, прв му честиташе на Елмас за голот и победата

Горан Пандев е голем играч, но е уште поголем човек. Ги игра последните мечеви што се вели од неговата пребогата кариера, но ете денеска го доживеа можеби најголемиот пораз. Со својата Џенова прими шест гола на гостувањето кај Наполи, а еден од стрелците и Елиф Елмас. Наледникот на Пандев во Македонската фудбалска репрезентација. Ученикот на „Гранде“ што се вели.

Обајцата со возрасна разлика која се мери со децении, но тоа не менува ништо. Пандев и Елмас се големи пријатели, а „Гранде“ секако дека се израдува на голот на Елмас како да е негов денеска. Иако е во неговата мрежа иако тоа значи дебакл на неговата Џенова, сепак Гоче прв честиташе. Честиташе затоа што знае што значи ова за Елиф Елмас, како што значеа неговите први голови во Серија А, кои беа одамна но сеуште се вртат како „хајлајтс“.
Елмас ја имал и секогаш ќе ја има најголемата подршка во Горан Пандев, кој знае сигурно колку тежок пат изодува младиот фудбалер, а Елмас очигледно дека прераснува во голем играч кој што очигледно има голема желба да ги достигне фудбалските височини на својот идол.

sportmedia.mk

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...