„Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека поради нивната неспособност без работа останаа над 40.000 граѓани. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата и денот го поминуваат со помалку од 50 денари. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека даноците енормно растат. Во првите денови од нивното доаѓање на власт, СДСМ ја покачи струјата за 7,4%“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека наместо нови инвестиции, СДСМ донел повеќе криминал и корупција во Македонија.