Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

БЕГАЊЕ ОД ЦРНА ГОРА: БИЗНИСМЕНИ на Мило го распродаваат својот имот и ТРЧААТ кон Врачар и Дедиње!

Двајца бизнисмени, кои важат за блиски до црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, продадоа дел од својот бизнис во таа земја, пренесуваат црногорските медиуми.

Контроверзниот бизнисмен Брано Миќуновиќ продаде половина од својот бизнис на Турците со изградба на хотелски комплекс во Будва.

Турската компанија „Мерит Монтенегро“ ќе сноси половина од трошоците за реализација на инвестицијата, која е планирана во износ од скоро 17 милиони евра, а ќе биде сопственик на половина од луксузниот хотелски комплекс во центарот на Будва, објави подгорички Дан.

Според весникот, турската компанија се регистрирала како косопственик на земјиштето на кое треба да се гради хотел со 12 ката.

Како што објави In4s, Миќуновиќ е еден во низата бизнисмени блиски до режимот во заминување на Мило Ѓукановиќ, кој одлучи да го сподели својот бизнис со компании од странство во последниот месец.

Според информациите на тој портал, контроверзниот црногорски бизнисмен Веселин Веско Баровиќ, исто така, одлучил да продаде голем дел од својот имот на почетокот на септември.

На 1 септември, Баровиќ објави ликвидација на отворениот инвестициски фонд „Еврофонд“, на 2 септември го продаде „Свис осигурување“, а на 3 септември пренесе дел од акциите на „Мимоза хотел Тиват“.

Порталот претходно објави дека по изборите во Црна Гора, скокнала побарувачката од Црна Гора за станови во елитните белградски населби Врачар и Дедиње, повикувајќи се на агенција за недвижнини.

– Партнерската агенција за недвижнини од Белград регистрира 168 барања за станови и куќи во Врачар и Дедиње, преку адвокатски канцеларии од Црна Гора. Некој планира да не напушти – објави агенцијата на својот Фејсбук профил.

најчитани вести

Забава

Марија Шерифовиќ ја посетила слаткарницата на својата мајка Верица Шерифовиќ во Крагуевац, за да научи да прави торта, но и се случил еден пех....

Забава

Овен Ноември носи хармонични моменти со семејството, пријателите и партнерот. Наоѓате утеха во нив, и секогаш кога имате лош ден, тие се тука за...

Забава

Актерката Јелена Јованова или како што уште сите ја знаат – Јелена од Драчево, поради ликот кој го толкуваше во серијата „Преспав“, денес слави...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....