14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мбапе го одби ПСЖ за нов договор вреден 40 милиони евра годишно!!!

И дефинитивно се насетува расплетот околу сагата наречена “Килијан Мбапе“. Француската фудбалска ѕвезда речиси 99.99% следното лето ќе “слета“ на “Сантијаго Бернабе“. Имено Мбапе го одбил својот сегашен клуб ПСЖ за потпишување на нов договор, а важечкиот му истекува 2022 година. Тој одбил 40 милиони евра годишно нето плата од “светците“, само да дојде во Реал Мадрид.

Инаку планот на „кралевите“ и на Мбапе е тој оваа 2020/2021 сезона да одигра максимално во дресот на ПСЖ, да се обиде да ја освои ЛШ и во јуни за околу 100 -120 милиони евра отштета се пресели во Мадрид. ПСЖ мора да го пушти, ако сака барем нешто да заработи, зошто ако го држи до крајот на договорот, значи до јуни 2022 година, ќе остане без ниту едно евро.

Ете, така работи Флорентино Перез, затоа ова лето не ангажираше ниту една мега – ѕвезда, нешто што се подразбира секој преоден рок за најголемиот клуб во светот.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести