Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Ја излажал сопругата дека има коронавирус па ИЗБЕГАЛ СО ШВАЛЕРКАТА

Индиец се најде на мета на медиумите откако го излажал своето семејство за инфекција со коронавирус, што ја искористил како изговор за да избега со својата љубовница.

На 24 мај, Маниш Мишра од Нави Мумбаи и се јавил на сопругата велејќи дека е позитивен на Ковид-19 и дека не сака да живее. Потоа го исклучил телефонот, што предизвикало паника кај неговото семејство. Неговата сопруга го повикала својот брат на помош, а тој ја советувал да го пријави во полиција како исчезнато лице.

Истрагата што следела покажала дека тој всушност ја искористил болеста како изговор да го напушти семејството и да побегне со својата љубовница, пренесува Одити Централ.

Полицијата ги проверила сите лаборатории во близина на последното место каде што бил виден, но се покажало дека никој со име Маниш Мишра не бил тестиран.

Потоа контактирале со неговиот работодавач, логистичка компанија и дознале дека неодамна бил отпуштен за учество во обид за измама. Конечно, откако разговарале со некои од неговите пријатели, дознале дека тој имал афера.

– Врз основа на последната локација на неговиот телефон во Аироли, ги прегледавме сите снимки од надзорните камери од областа и го најдовме како влегува во автомобил, рече полицискиот инспектор и додаде: Го следевме сè до Ратнагири. Во меѓувреме, исто така, постојано ги испрашувавме неговите пријатели и семејството. Откривме дека има вонбрачна врска.

Полицијата додаде дека откриле дека бил отпуштен поради финансиска измама. Покрај тоа, тој имал афера неколку години и сакал да се ослободи од сопругата и ќерката.

Полицијата конечно го пронајде Мишра во градот Индоре, каде што тој наводно живеел со неговата љубовница, надевајќи се дека семејството го завело како мртов. И пред десетина дена, тој биил вратен во Нави Мумбаи, но не е познато дали му простиле …

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...