Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Јанчев неуморно на терен, откупот на грозје за дестилат продолжи

Педесетина трактори вчера вечер беа собрани пред „Вардар винарија“  (поранешна Петра) во Кавадарци. Дошле да го предадат грозјето кое е со лош квалитет,  поради неповолните временски услови и истото ќе се преработува во дестилат. Дел од присутните лозари кои дошле со својот род да го предадат,  биле клиенти на винаријата, но еден дел од околу 15 трактори по два дена чекање,  дојдоа од откупниот пункт кај „лазово мовче“ откако не им било откупено грозјето. Тоа беше причина и за привремен прекин на откупот, што направи тензична атмосфера на пунктот. 

Нашите информации говорат дека денеска имало обид да се направат протести на лозарите,  исценирани од една политичка партија. Доцна вечерва за надминување на проблемите со откупот, менаџираше  градоначалникот Митко Јанчев со своите соработници, по што откупот во „Вардар винарија“ продолжи. Јанчев се задржа во винаријата и го следеше процесот на предавање на грозјето.

Во разговор со  сопственикот на винаријата ни беше потврдено дека ќе се откупи целото грозје кое до вечерва е донесено во визбата, иако е со значително лош квалитет, со дакеку пониска шеќерност од 18%. 

Од визбата им се исплаќаат на лозарите по 3 денари, а од државата ќе добијат  8 денари како поддршка, поради лошиот квалитет на грозјето. Што значи лозарите за ова грозје добиваат вкупно 11 денари за килограм.

Имаше лозари кои покажаа откупни белешки на кои е впишана цена од по 2 денари. Овие производители добија ветување дека ќе се направи корекција на белешките, но и дека не треба да ги забораваат 8 те денари што ќе ги добијат од државата, бидејќи многу од нив се изманипулирани дека грозјето им се откупува за само 2 или 3 денари.

На откупниот пункт беше и претседателот на здружението „Напредни лозари“ Трајче Кулев. Во изјава за КТВ, тој нагласи дека се правеле максимални напори да се откупи целиот род.

најчитани вести

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...

Македонија

Доцна синоќа некаде околу 22 часот и 50 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Р.Б.(46) од...