Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Румен Радев: НЕМАМ НАМЕРА да почнам нов политички проект во Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев нема намера да почне нов политички проект во земјата бидејќи неговата цел е да ги поддржи оние проекти и партии кои работат за доброто на народот.

Шефот на државата ова го изјави во Карнобат, при посетата за празникот на градот, каде даде свој коментар за повеќе актуелни теми, меѓу кои и скандалот со фотографиите од куќата на премиерот Бојко Борисов, поплаките од новинарите за немањето пристап до пратениците во новата зграда на Националното собрание, како и за своите политички намери.

Радев категорично изјави дека нема да создаде нов политички проект, бидејќи ја поддржува секоја партија која ги брани интересите на народот.

-Се повеќе граѓани и организации го препознаваат претседателот како важен фактор за вистинските промени во земјата. И се повеќе различни партии, здруженија и организации изразуваат поддршка за позициите и ставовите на претседателот. Долго време кажувам дека ја поддржувам секоја организација, партија, движење чиј приоритет е бугарскиот народ, а не тесниот партиски интерес. Така ќе продолжам да ги поддржувам , рече Радев, цитиран од БНТ. 

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...